Продолжуваат антивладините протести во Романија

Од:

Неколку илјади Романци и синоќа излегпа на протести во повеќе градови на Романија, со барање за оставака на Владата, по нејзиниот неуспешен обид за промени на Кривичниот законок, со што ќе се овозможеше ослободување од гонење на лица осомничени за корупција.

Околу 2.000 луѓе се собраа пред зградата на Владата во Бујурешт и покрај студенто време и обилниот дожд, скандирајќи „крадци“ и „оставка!“.

– Владата ја загуби сета доверба. (Владејачката) Социјалдемократска партија победи на изборите (во декември) и ние тоа не го оспоруваме, но таа треба да најде чесни луѓе кои ќе управуваат со земјата, изјави еден од говорниците на протестот/

Друг порача дека граѓаните „треба да останат внимателни и да им порачаат на властите дека ги следат и дека нема да дозволат корупција“.

Протести се организраа и во други романски градови, а еден од поголемите се одржа во Клуж, каде се собраа околу 3.000 лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се затресе силно и во Молдавија, снимена реакцијата на претседателката Санду

Предраг Петровиќ

Пет лица загинаа во невреме во Романија

Руски беспилотни летала го нарушија воздушниот простор на НАТО

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Романија, се стресе и во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невреме во Романија: Улици под вода, порој однесе возила