Продолжуваат антивладините протести во Романија

Од:

Во Романија и синоќа продолжија протестите на кои демонстрантите бараат оставка на социјалдемократската Влада, која власта ја презеде во декември.

Околу две илјади лица се собраа во Букурешт на 14. протест по ред.

– Доколку Владата не е во состојба во својот прв месец да не дејствува транспарентно и чесно, што ќе прави преостанатите четири години, праша 60-годишната наставничка Каталина, која на демонстрациите доаѓа секој ден.

Луѓето се собраа на Плоштадот на победата и покрај ниските температури, виорејќи романски знамиња и извикувајќи „Оставка!“ со звуците на тапаните.

Романскиот Парламент вчера едногласно го поддржа планот на претседателот на државата Клаус Јоханис околу идејата за организирање референдум за антикорупциските реформи, а по масовните протести, кои ја принудија Владата да ја повлече спорната уредба за декриминализација на поединечни случаи на корупција.

Би можело да ве интересира

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Силен земјотрес во Романија

Земјотрес ја погоди Романија