Продолжува потрагата по преживани лица по бродоломот во Кина

Од:

Над сто припадници на спасувачките екипи и денеска продолжуваат со потрагата по евентално преживани лица од бродот со над 400 патници и членови на екипажот што во понеделникот вечерта се преврте во реката Јангце во провинцијата Хубеј во јужна Кина.

Кинеската државна телевизииа ЦЦТВ јави дека досега се спасени само 36 преживеани, а пронајдени се телата на 18 загинати лица. Некои од преживеаните успеале сами да допливаат до брегот, а останатите биле извлечени од страна на спасувачите од трупот на бродот.

Се претпоставува дека најголемиот број од патниците, од кои повеќето биле на возраст меѓу 50 и 80 години, се наоѓале во внатрешноста на бродот.

Бродот „Донгфангжиксинг“ („Ѕвезда на истокот“) пловел од градот Нанџинг кон Чонгчинг во југозападна Кина.

Според кинеските државни медиуми, несреќата се случила кога бродот бил зафатен од силен циколн со ветер од 130 километри на час, по што пловилото се превртело. Хсинхуа јави дека на местото на несреќата, најголемата кинеска река Јангце била длабока 15 метри.

Во пребарувањето по преживани вчера се вклучија 13 нуркачи, а кинеската армија соопшти дека во текот на денов на местото на несрќеата ќе пристигнат уште 170 нуркачи.

Меѓу преживеаните во несреќата се и капетанот и главниот инженер на бродот, кои се веднаш приведени. При сослушвањето во полицијата тие изјавиле дека бродот се превртел многу брзо и немале време да реагираат за спас на патниците.

Меѓутоа весникот на владејачката Комунистичка партија на Кина, „Женмин Жибао“, тврди дека превртувањето на бродот траело околку две минути, по што тој продолжил да се движи по реката уште три километри и конечно запрел во близина на речниот брег.

Првиччно беше јавено дека на бродот има 458 патници и членови на екипажот, но ЦЦТВ денеска информира дека на него имало 456 лица.

Бродот „Донгфангжиксинг“, кој е долг 76,5 и шиток 11 метри, можел да прими најмногу 534 лица.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски