Продолжува потрагата по британскиот актер кој исчезна на планинарење во САД

Од:

Властите во Калифорнија ја продолжија воздушната потрага по британскиот актер Џулијан Сендс, кој исчезна минатиот петок додека планинареше. Потрагата на теренот е одложена до дополнително известување поради лошите временски услови.

Британскиот актер последен пат е виден пред една недела во планинскиот венец Сан Габриел, кој се наоѓа северно од Лос Анџелес. Полицијата соопшти дека го пронашла неговиот автомобил во близина на местото каде што бил пријавен за исчезнат.

Сендс глумеше во филмови и серии, вклучувајќи ги 24, Smallville и A Room with a View. Тој живее во Лос Анџелес од 2020 година, а неодамна се појави во драмата Benediction со неговиот колега Питер Капалди. Има три деца и живее во Лос Анџелес со сопругата, писателката Евгенија Читковиц.

Би можело да ве интересира

Актерот Гудман се повреди за време на снимањето на најновиот филм

Почина актерот на Велешкиот театар Самоил Стојановски

Џин Хекман и неговата сопруга се пронајдени мртви покрај нивното куче

Горан Наумовски

Продолжува потрагата по Миле Тодоров, исчезнат е веќе осум дена

Уапсен познат актер: Макор со бандата заработиле повеќе од 700.000 евра

Четири дена нема трага од 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино