Продолжува опозициската „окупација“ на полскиот Парламент

Од:

Опозициските пратеници, кои ја обвинуваат полската владејачката партија Право и правда (ПИС) за поткопување на демократијата и Уставот, веќе четврти ден ја окупираат Пленарната сала на полскиот Парламент.

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска ќе се сретне со претседателот на Собраниието, Марек Кухчински и со лидерот на ПИС, Јарослав Качински, за да ја разгледаат ситуацијата.

Министерот за внатрешни работи Мариуш Блашчак пак, изјави дека протестите имаат за цел „да го блокираат државниот буџет и да предизвикаат политичка криза”.

Од опозицијата наведуваат дека протестот е предизвикан од предлогот на Владата, да се ограничи пристапот на новинарите во Парламентот. Поради таа причина, викендов во Варшава и неколку други градови се одржаа и улични демонстрации.

Министерот за надворешнни работи Витолд Вашчиковски ги оцени протестите како „дело на разочарани опозициски политичари, кои не можат да прифатат дека не се повеќе на власт“, пренесува ТАСС.

– Некои западни медиуми ја пренесуваат состојбата на чуден начин. Опозицията веќе некое време го планира и подготвува блокирањето на работата на Парламентот. Ова што се случува не е спонтана реакција, изјави Вашчиковски.

Премиерот Беата Шидло пак, смета дека опозицијата се обидува да ја урне Владата така што ќе ги убеди Полјаците дека таа е слаба и не работи доволно добро.

Би можело да ве интересира

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата