Продолжува гранатирањето во близина на нуклеарната централа Запорожје

Од:

Русија денеска повторно ја гранатираше областа околу нуклеарната централа Запорожје, еден ден откако Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) побара од завојуваните страни таму да воспостават безбедна зона, изјави регионалниот гувернер Валентин Резниченко.

Градот Никопол, кој се наоѓа на другиот брег на Дњепар спроти електраната, бил погоден од ракети и тешка артилерија.

Шефот на МААЕ, Рафаел Гроси, вчера го предупреди Советот за безбедност на ОН дека во Запорожје може да се случи „нешто многу, многу катастрофално“.

– Во електраната избувнуваат пожари, снемува струја и се случуваат други работи кои нè наведуваат да го подготвиме локалното население за последици од нуклеарна закана, рече Резниченко.

Потенцијалната опасност ја натера МААЕ да побара од Русија и Украина да воспостават „нуклеарна безбедносна зона“ околу централата.

Ниту властите во Москва ниту Киев веднаш не ја коментираа идејата за безбедна зона, велејќи дека им се потребни повеќе детали.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ