Продолжува апсењето новинари во Белорусија

Од:

Најмалку четворица новинари денеска се приведени во Белорусија, еден ден по вчерашното апсење на три новинарки од независни медиуми, под обвинение дека користеле материјали од државната новинска агенција БЕЛТА без да бидат претплатници.

Белоруското здружение на новинари соопшти дека полицијата денеска ги приведе главниот уредник на порталот „Realt.by“, Владислав Кулецки и тројца новинари, откако бил извршен претрес во редакцијата.

Телевизијата „Белсат“ на Твитер објави дека уапсен е и уредникот на економскиот дневен весник „Belorusy i Rynok“, Алексеј Жуков. Тој и неговата сопруга се приведени од нивниот дом во реонот на Минск.

Приведените се осомничени дека незаконски користеле услуги од агенцијата БЕЛТА без да платат за нив. Во согласност со белоруските закони, ако новинарите бидат прогласени за виновни би можеле да бидат осудени до две години затвор и на привремена забрана за занимавање со новинарство.

Издавачката куќа „Белоруска наука“ исто така е под истрага, при што е утврдено дека во 2017 и во 2018 година незаконски преземала вкупно 15.000 содржини од БЕЛТА, поради што агенцијата била значително оштетена.

Советот на Европа апелираше за брза и транспарентна истрага и за ослободување на притворените новинари.

Портпаролот на белоруското Министерство за надворешни работи Анатолиј Глаз изјави дека приведувањето на новинарите не е поврзано со политика или со слобода на медиумите.

Медиумите во Белорусија се под постојана контрола на власта, посебно по демонстрациите во март 2017 година, кога стотици луѓе беа уапсени.

Би можело да ве интересира

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Во Белорусија, први избори од 2020 година, лидерот на опозицијата е во егзил: Тоа е фарса, шоу, циркус

Горан Наумовски

Лукашенко сака патроли со огнено оружје на белоруските улици

Путин: Белорусија стана нуклеарна сила

Масовни рации во Белорусија: 159 луѓе „на мета“