Продложува „окупацијата“ на полскиот Парламент од страна на опозицијата

Од:

Претставниците на владиниото мнозинство и на опозицијата во полскиот Парламент, на состанокот што траеше до доцна синоќа, не постигнаа договор за прекин на „окупацијата“ на собраниската сала на Долниот парламентарен дом, што ја почнаа група опозициски пратеници на 16 декември минатата година.

Опозициските пратеници се решија на ваков потег, поради според нив, недемократските и незаконским одлуки на мнозинството во Парламентот, кое го има владејачката конзервативна популистичка партија Право и правда (ПиС).

Директен повод за почетокот на „окупацијата“ на собраниската сала од страна на 30-тина опозицикси пратеници, беше одлуката на владиното мнозинство да го ограничи пристапот на новинарите во Парламнетот.

Лидерот на ПиС, Јарослав Качињски ја обвини опозицијата за „недемократско“ и „незаконско“ однесување, истакнувајќи дека сите одлуки што ги донела неговата партија се базираат на важечкото полско законодсвство.

Додека траеја преговорите за деболкирање на салата на Долниот дом, Горниот дом на Парламентот, Сенатот, во кој ПиС исто така има мнозинство, вчера го усвои Буџетот за 2017 година, на чие донесување опозицијата остри се противи, што се очекува дополнително да ја продлабочи досега најголемата политичка криза во Полска од обновата на демократијата пред 27 години.

Би можело да ве интересира

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата