Продаден автобусот на Тачер, отпорен на куршуми, бомби, хемиски и нуклеарни напади

Од:

[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Автобусот отпорен на бомби кој го користела некогашната британска премиерка Маргарет Тачер е продаден на аукција за 20 илјади евра. Делумно корозирал, но се уште има историска вредност.

Како што пренесува „Франс прес“ автобусот тежи 28 тони, а произведен е во 1980 година, за посетата на Тачер во Северна Ирска, која била на удар на уличното насилство.

Автобусот предизвика голем интерес. Продажбата е испратена со громогласен аплауз- наведе припадникот на ЈП Хамберт.

Возилото кое што беше произведено по нарачка на тогашната британска власт, беше опремено со додатен генератор и уредување за додаток на воздух, а констукторите тврделе дека е отпорен не само на куршуми и бомби, туку и во случај на хемиски и нуклеарен напад.

Автобусот кој може да прими 35 патици, првин бил користен за патувањата на челичната дама и нејзините министри, а подоцна бил предаден на војската.

Би можело да ве интересира

Затворени 300 пабови: 4.500 луѓе останаа без работа

(ВИДЕО) Маж запали Куран пред турскиот конзулат во Лондон

Масовно затворање пабови во Англија

А1он

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска