Про-шпанска парада на моторџии во Барселона

Од:

Околу 150 лица на мотори и со мали коли денеска парадираа низ улиците на Барселона, веејќи знамиња на Шпанија и Каталонија.

Минувајќи низ барселонските улици тие свиреа на своите сирени, со цел како што најавија, да ја искажат својата солидарност со шпанската национална полиција и да го изразат несогласувањето со вчера прогласената независност на Каталонија.

Парадата мина без инциденти.

Моторџиите својата солидарност ја изразија кон припадниците на шпанската национална полиција, кои минатиот месец беа префрлени од другите делови на Шпанија во Каталонија, во пресрет на референдумот за независноста на овој автономен регион, што го организираа регионалните власти и покрај противењето на Мадрид.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата