Илјадници приврзаници на новоизбраната претседателка на Молдавија, Маја Санду се собраа денеска на улиците на главниот град Кишињев барајќи предвремени парламентарни избори и обвинувајќи го Парламентот дека ја саботира нејзината подготвеност да се бори против корупцијата.
Санду своевремено беше официјална претставничка на Светска банка и има блиски односи со ЕУ, а на изборите минатиот месец го победи прорускиот кандидат Игор Додон, но во Парламентот мора да ја дели власта со неговите приврзаници.
Молдавија, каде живеат 3,5 милиони жители и во која Западот и Русија се борат за влијание, ја тресеа корупциски скандали, а еден од поголемите се случи кога исчезнаа една милијарда долари од банкарскиот систем.