Привремената претседателка на Боливија го одби барањето за амнестија на Ево Моралес

Од:

Привремената претседателка на Боливија, Жанин Анес, денеска го одби нацрт законот што го предложија сенатори за амнестија на доскорешниот претседател на земјата Ево Моралес, против кого е отворена истрага за „тероризам“ и „поттикнување бунт“.

– Јасно кажуваме дека секое лице кое ќе стори злосторство, кое им се потсмева на законите и сторило злоупотреби на функцијата, нема да биде амнестирано, рече таа.

Привремената Влада на Боливија во петокот поднесе кривична пријава против Моралес заради тероризам и поттикнување бунт во земјата.

Вршителот на должноста министер за внатрешни работи Артуро Муриљо изјави дека обвинувањето се темели на снимка на која наводно се слуша како Моралес ги координира блокадите во текот на протестите во земјата.

Муриљо кажа дека Владата бара максимална казна за Моралес, од 15 до 20 години затвор. Моралес претходно изјави дека снимката е „монтажа“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Каков хаос: Фудбалот стана ватерполо-судијата го продолжи мечот за 42 минути сред невреме

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Поранешната боливиска претседателка осудена на 10 години затвор

Најмалку 12 лица загинаа во поплави во Боливија

А1он

Речиси 150.000 хектари шума уништени во пожари во Боливија

А1он

Поранешниот боливиски лидер Ево Моралес позитивен на коронавирусот

Ана Ололовска