Приведувањето на Дaвид Миранда на Хитроу за британските власти е „сосема исправно“

Од:

Скотланд Јард денеска соопшти дека приведувањето на Бразилецот Давид Миранда (28) на лондонскиот аеродром Хитроу, било „сосема легално“.

Во соопштението на полицијата се вели дека Миранда бил задржан и испрашуван врз основа на антитерористичките закони. Според членот седум од законот од 2000 година, дозволено е полицијата да задржи некого на меѓународен аеродром, пристаниште или меѓунардна железничка станица, до најмногу девет часови, за да разбере дали задржаното лице е вмешано во некакво терористичко дело.

Младиот Бразилец, кој беше на патување од Берлин за Бразил, беше испрашуван девет часа во една просторија на најголемиот лондонски аеродром, пред да биде пуштен без никакво обвинување. Полицијата меѓутоа му ги одзела лаптопот, мобилните телефони и мемориските стикови што биле со него.

Бразилската влада протестираше кај официјален Лондон затоа што во случајот се нејзиниот државјанин е користен еден антитерористички закон, додека британски правен експерт, кој како независен контролор ја надгледува работата на полицијата, изјави дека деветчасовното задржување е „сосема невообичаено“.

Случајот со младиот Бразилец предизвика бранување во дел од британската јавност, откако се разбра дека тој е геј-партнер на американскиот новинар Глен Гринвалд, кој пишува за лондонски „Гардијан“.

Овој новинар уште во Хонг Конг се сретна со поранешниот ИТ техничар во ЦИА и НСА, Едвард Сноуден, кој ја откри тајната за програмата „Призма“ со која американската агенција за безбедност ги надгледувала телефонските и интернет комуникациите.
Гринвалд, сам или како коавтор, ги напиша за „Гардијан“ сите написи поврзани со доверливите тајни податоци што ги предаде Сноуден, и најави дека ќе има уште откритија за делувањето на НСА, но и на британскиот прислушен центар, што е пандан на американската НСА, за чие делување лондонскиот весник веќе објави неколку новински прилози.

Реакцијата на Скотланд јард доаѓа по откритието на главниот уредник на „Гардијан“, Алан Расбриџер, за тоа дека британските власти ги уништиле компјутерите на весникот каде се чувале материјалите што Сноуден ги обелодени. Расбриџер уште тврди дека британската влада му се заканила со правна акција, доколку не се уништат доверливите материјали со кои располага, или не бидат вратени назад.
Даунинг стрит 10 денеска одби да ги коментира тврдењата на главниот уредник на „Гардијан“, како и објаснувањето на полицијата за задржувањето на Бразилецот на Хитроу.

Лондонските медиуми, сепак, пишуваат дека Миранда не бил на туристичко патување, туку дека бил испратен во Берлин да се сретне со Лора Поитрас, независен филмаџија која прва се сретна со Сноуден, по неговото бегство од САД и која е коавтор, заедно со Гринвалд на многу текстови кои се појавија во јавност, користејќи ги податоците што ги украде, а потоа ги објави Сноуден.

Сите трошоци за патувањето и престојот на Бразилецот во Германија и враќањето дома, биле платени од „Гардијан“.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство