Приведени се 65 лица на митинг на опозицијата во Кишињев, соопшти денеска главниот полициски инспекторат на Министерството за внатрешни работи на Молдавија.
Полицијата во Молдавија истакна дека регистрирани се „повеќе провокации против припадниците на безбедносните сили”.
„Конкретно, зборуваме за обидите за пробивање на полицискиот кордон. Задржани се 65 лица, од кои четири малолетници. Идентификувани се предизвикувачите на нередот, кои претставуваа закана по јавната безбедност”, се наведува во соопштението на инспекторатот, јавија дел од руските медиуми.
Според полицијата, во протестот учествувале околу 1.700 луѓе, додека претходно, организаторите на демонстрацијата информираа оти протестирале 50.000 лица.