Приведен градоначалникот на Букурешт под сомнение за корупција

Од:

Романската полиција го уапси градоначалникот на Букурешт Сорин Опреску под сомнение за примање мито од 25.000 евра од компании, што работат за градското собрание, соопшти Канцеларијата на обвинителството за борба против корупција.

По наредба на обвинителството Опреску е во притвор од полноќ, а романскиот суд подоцна денеска ќе одлучи дали градоначалникот на Букурешт ќе биде и формално уапсен.

Во соопштението се наведува дека компаниите, што имале договори со градското собрание во периодот од 2013 до 2015 година биле обврзани да платат и до 70 отсто од своите приходи на градски функционери, од кои 10 проценти биле за градоначалникот.

Опреску, кој е градоначалник на Букурешт од 2008 година, не даде изјава по синоќешното апсење.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он