Приведен еден од директорите на кланицата за пилиња во Кина каде во пожар загинаа над 100 лица

Од:

Еден од директорите на кинеската фабрика за преработка на пилешко месо, каде вчера во пожар загинаа најмалку 120 лица, е приведен, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на претставник на властите.

Сметките на компанијата сопственик на кланицата се замрзнати. Во најсмртоносниот пожар во Кина во последните 12 години загинаа околу 120 лица, додека 70 беа ранети.

Во фабриката за преработка на пилешко месо во Чанчун, престолнина на провинцијата Ѓилин, имало околу 300 лица.

Цитираниот претставник на властите не прецизира за што точно е обвинет приведениот директор на кланицата. Во тек е истрага за утврдување на причините за трагедијата.

Пожарот бил предизвикан од експлозија, најверојатно како резултат на протекување на амонијак.

Роднини на загинатите работници денеска го блокираа автомобилскиот сообраќај и влегоа во судири со полицијата, пренесоа британските медиуми. Тие побараа одговори за тоа кој е виновен за пожарот. Насобраните околу 100 лица беа разбркани од полицијата по околу еден час.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски