Притворени 67 противници на хомосексуланите бракови во Франција

Од:

67 противници на хомосексуалните бракови во Франција се наоѓаат во притвор, откако беа уапсени изутринава околу 1 часот пред Националното собрание на Франција.

Синоќа четириесетина противници на „бракот за сите“ го чекаа министерот за внатрешни работи Мануел Валс и неговата сопруга на излезот од концертната сала „Плејел“ во Париз, јавија повеќе француски медиуми.

Демонстрацијата била организирана преку социјалната мрежа на интернет „Твитер“ со повик да се приреди „комитет за пречек“ на министерот.

Обезбедувањето на министерот морало да ги повика како засилување специјалните полициски сили, кои притоа уапсиле 14 лица.

Нацрт законот „брак за сите“ со кој се отвора можноста да се склучуваат бракови меѓу истополови двојки беше усвоен минатата недела во Сенатот, и сега повторно треба да се разгледува во Националното собрание на 23 април, а не во мај како што претходно беше утврдено.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина