Двајца мажи го убија со нож 86 годишниот свештеник во црквата во Франција, а одговорноста ја презеде Исламска држава.
-Тие го изведоа нападот како одговор на повикот мети да бидат земјите на коалицијата, се наведува во соопштението.
Двајцата мажи држеа и заложници во црквата во местото Сент Етјен ду Руврај, но беа ликвидирани од франсуските специјалци.
Еден од напаѓачите од порано и бил познат на полицијата, бил апсен и под надзор поради тоа што планирал да замине во Сирија.
Претседателот на Франција, Франсоа Оланд рече дека нападот во црквата на северот од земјата го изведоа лица кои се поврзани со Исламска држава и дека Франција е во војна.