Припадници на исламистичката групација Ал Шабаб во Сомалија отворија минофрлачки оган кон претседателската палата во главниот сомалиски град Могадишу.
Борците од Ал Шабаб успеале да влезат во добро обезбедуваниот комплекс.
Портпаролотна Ал Шабаб изјави дека борбите се уште траат, но според портпаролот на Владата нападот завршил, а милитантите се убиени.
Претседателот Хасан Шеик Мохамуд во моментот на нападот не се наоѓал во палатата.
Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда, ја загуби контролата во Могадишу во 2011 година, но групата често пати врши напади во градот.