Приоритет на Владата е излегување од ЕУ на 31 октомври

Од:

Приоритет на британската Влада е да излезе од Европска Унија на 31 октомври, изјави денеска англиската кралица Елизабета Втора.

Таа зборувајќи во Парламентот, кој ја утврдува законодавната агенда на Владата, истакна дека го поддржува планот на премиерот Борис Џонсон, да „работи на ново партнерство со ЕУ, заснован на слободна трговија и пријателска соработка“.

Кралицата Елизабета Втора наведе и дека британската Влада по излегување од ЕУ ќе обезбеди државата и понатаму да има водечка улога на светската сцена, како и дека ќе продолжи да ги брани своите интереси.

– Мојата Влада ќе биде во првите редови при решавање на најкомплексните меѓународни безбедносни проблеми, истакна кралицата.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година