Британскиот принц Вилијам во понеделник во рамки на Конференцијата за илегална трговија на слонова коска и други предмети од дивината, ќе се сретне со американскиот претседател Барак Обама во Белата куќа. -Претседателот го поздравува ангажманот на принцот во глобалната битка против нешто што во исто време е закана за националната безбедност и разорен еколошки проблем – изјави Џош Емест, портпарол на Белата куќа.
Администрацијата на Обама во февруари оваа година формулира Национална стратегија за борба против криумчарење на предмети од дивината.
Е. Г.