Принцот Вилијам и Кејт изразија поддршка за Украина

Од:

Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт на Твитер објавија дека стојат покрај украинскиот народ „кој храбро се бори за својата иднина“.

„Во октомври 2020 година, имавме чест да се сретнеме со претседателот и првата дама на Украина кои ги споделија со нас нивните надежи и оптимизам за иднината на нивната земја. А, денес стоиме покрај претседателот на Украина и неговиот народ додека храбро се борат за таа иднина“, напишаа Вилијам и Кејт на Твитер.

Членовите на британското кралско семејство ретко коментираат политички настани во јавноста и генерално не ги искажуваат своите ставови за важни политички прашања, во согласност со правилата кои бараат од нив да имаат неутралност.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам годишнината од бракот ќе ја прослават во Шкотска – земјата во која се заљубија

А1он

Се разведуваат ли принцот Вилијам и Кејт Мидлтон?

А1он

(ФОТО) Принцот Вилијам во тенк близу границата со Русија

А1он

И принцезата носи ист капут четири години – Кејт Мидлтон се појави во класичен модел кој не излегува од мода

А1он

(ВИДЕО) Кејт Мидлтон ги откри потресните зборови на принцот Луис по смртта на кралицата

Принцот Вилијам објави емотивно обраќање за кралицата