Принцот Хари во САД ќе престојува како специјален пратеник на владата

Од:

Британскиот принц Хари ќе престојува во САД, во прва официјална посета на оваа земја, по скандалот од минатото лето во Лас Вагас, кога беше сликан гол на една забава со дваесетина гости во неговиот хотелски апратман.

Во САД, каде досега Хари (28) престојуваше само приватно и за време на воената обука, како пилот на борбен хеликоптер „Апачи„ овој пат младиот британски принц, трет во редот претенденти на престолот, ќе биде во официјална посета, како специјален пратеник на владата во Лондон.

Во текот на неколкудневниот престој,принцот ќе посети неколку американски сојузни држави, како и во Њу Јорк и Вашингтон.

Во САД тој ќе ги промовира британскиот бизнис и трговијата.

Последен пат, во некоја официјална мисија, Хари беше минатото лето, во неколку земји на Карибите, како специјален пратеник на кралицата Елизабета, во чест на одбележувањето на дијамантскиот јубилеј на кралицата и 60 годишнината, како се наоѓа на британскиот престол.

Во текот на посетата тој престојуваше и во Бразил, како промотор на британската трговија.

На крајот од овој месец тој ќе ги посети Лесото и Јужна Африка, агитирајќи за една тамошна детска хуманитарна организација.

Младиот принц неодамна се врати од Авганистан, каде во провинцијата Хелманд учествуваше во борбите против локалните талибанци.

Неговата изјава за лондонските весници, дека „пукал врз непријателските позиции и убивал“ беше критикувана од авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски