Принцот Хари конечно се појави во Лондон

Од:

Принцот Хари само накратко ќе се појави на крунисувањето на неговиот татко, а според извори блиски до кралското семејство, тој нема да биде ниту на официјалните семејни фотографии.

Според пишувањата на британските медиуми, принцот Хари не се очекува да има никаква улога во денешната прослава на крунисувањето на неговиот татко Чарлс, освен краткото појавување во Вестминстерската опатија.

Извори за Дејли Мејл потврдија дека тој не треба да му се придружи на кралското семејство во Бакингемската палата, да присуствува на приватен семеен ручек или дури да се појавува на заеднички фотографии. Хари нема да учествува во поворката што ќе ја напушти Вестминстерската опатија, ниту ќе му се придружи на семејството на балконот, од каде традиционално ќе ги поздравува насобраните граѓани.

Тој пристигна во Обединетото Кралство со комерцијален лет на Американ Ерлајнс и ги изненади останатите патници кои се наоѓаа во неговиот авион, пишува Дејли мејл.

По пристигнувањето, Хари добил покана за ручек по крунисувањето во Бакингемската палата, но сè уште не е познато дали ќе прифати бидејќи се очекува да брза дома.

Британските медиуми, исто така, објавија дека тој е преместен во третиот ред во внатрешноста на опатијата и ќе седне меѓу Џек Бруксбенк, сопругот на принцезата Јуџин, и принцезата Александра, братучед на покојната кралица.

Војводата од Сасекс со денови не е виден во јавноста и нема знаци дека ја напуштил својата вила во Калифорнија или дека пристигнал во Велика Британија. Бакингемската палата минатиот месец објави дека ќе присуствува на крунисувањето и се очекуваше да пристигне еден ден претходно и да преноќи во Фрогмор Котиџ на имотот Виндзор. Според дел од медиумите, тој планира да се врати веднаш по двочасовната церемонија за да биде со сопругата Меган Маркл за четвртиот роденден на нивниот син Арчи.

Би можело да ве интересира

Принцот Хари го загуби случајот, ќе мора да плати за приватно обезбедување

Принцот Хари го загуби случајот на Високиот суд: Владата го отфрли барањето за зголемена безбедност додека е во Велика Британија

Принцот Хари никогаш повеќе нема да ги преземе кралските должности од кои се откажа

Принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на неговиот татко кралот Чарлс III, Меган Маркл ќе остане во Калифорнијa