Принцот Филип ќе биде погребан денеска, со церемонија која сам ја испланирал

Од:

Во капелата на замокот Виндозр денеска ќе се одржи погребот на принцот Филип, кој самиот го испланирал до најситни детали.

Кралицата Елизабета Втора ќе се збогува со својот сопруг, со кого помина 73 години, во тесен круг на роднини, и во согласност со сегашните епидемиолошки мерки во Велика Британија.

Принцот Филип почина на 99-годишна возраст во замокот Виндзор, по краток период на лошо здравје поради што мораше да биде хоспитализиран неколку недели.

Во шест часот наутро, ковчегот со телото на принцот е преместен од приватната капела во салата, од каде ќе започне поворката. Луѓето, кои не учествуваат во поворката, ќе заминат кон капелата нешто по девет часот.

Телото на принцот ќе биде положено на автомобил што тој самиот го дизајнирал и ќе биде пренесен на местото за почивање.

Капелата Свети Ѓорѓи е местото каде што ќе се соберат учесниците на поворката, меѓу кои се принцовите Чарлс, Вилијам и Хари, кој доаѓа без неговата сопруга Меган Маркл.

Меѓу членовите на семејството и гостите кои не учествуваат во поворката се војвотката од Корнвол, Камила, принцезата Јуџини, Кејт и Зара и други членови на кралското семејство.

Поворката ќе стигне до капелата во 9.53 часот, каде што во 10 часот ќе се одржи национално едноминутно молчење.

Архиепископот од Кантербери ќе ја води службата, а гостите, вкупно 30, ќе седат со почит на оддалеченост од два метра, со маски.

Хор од само четири члена ќе ги пее делата избрани од војводата од Единбург.

На крајот на службата, телото на принцот ќе биде сместено во кралската крипта во капелата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Принцот Филип ќе го испратат во кола што самиот ја дизајнирал

Жарко Настоски

Би-Би-Си добил 100.000 жалби за известувањето за смртта на принцот Филип

Ана Ололовска

Борис Џонсон: Принцот Филип и неговата љубов кон кралицата заслужуваат почит

Жарко Настоски

ВИДЕО: Домородци со децении го сметале принцот Филип за бог, ќе го испратат со посебни ритуали

Жарко Настоски

Борис Џонсон нема да присуствува на погребот на принцот Филип

Катерина Ѓуровски

Принцот Филип ќе биде погребан на 17 април, ќе дојде и принцот Хари, но без Меган

Катерина Ѓуровски