Принцот Ендрју првпат сам демантира сексуална врска со тинејџерка

Од:

Британскиот принц Ендрју првпат самиот во изјава пред телевизиски камери, демантираше дека имал сексуална врска со американска тинејџерка.

Во кусата изјава од само 46 зборови, тој нагласи дека „никогаш немал каков било сексуален контакт или друг однос“ со жената која тврди дека спиела три пати со него кога имала 17 години.

Случајот стана познат откако жената, која сега има околу 32 години, поднесе приватна тужба и бара отштета за времето кога била третирана како „сексуална робинка“ од американскиот финансиер и богаташ Џефри Епштајн, кој е пријател на британскиот принц.

Во изјавата што ја дала пред судот во Мајами, каде се води случајот, жената тврди Епштајн од неа барал да биде интимна со принцот и да направи „се што тој ќе побара“, додавајќи дека нема ништо против Ендрју, ниту тој на каков било начин е дел од судскиот процес.

Кусата изјава-демант принцот ја даде во Давос, каде се наоѓа учествувајќи во работата на Светскиот економски форум.

Според лондонските медиуми, во изјавата нема ништо ново ниту сензационално, но весниците се согласуваат дека станува збор за изнуден демант и за нешто што тој морал да го направи.

На неколкупати досега, тој беше јавно повикан да се произнесе за тврдењето на жената, за која лондонските весници велат дека се вика Вирџинија Робертс, па дека во ситуацијата во која се наоѓа останал без алтернатива и морал да проговори, иако за сето тоа потроши само 37 секунди.

На тој начин Ендрју стана првиот висок член на британското кралско семејство, кој мораше во јавен настап, да демантира дека е вплеткан во некаква недозволена сексулна врска.

Претходно, тврдењата на Американката во два наврати ги демантираше Бакингамската Палата. Неговата изјава доаѓа по откритието на адвокатот на жената дека го повикал принцот да сведочи, само за да се разјасни под какви околности е направена една заедничка фотографија на Ендрју и Вирџинија Робертс.

Принцот Ендрју, војвода од Јорк, е вториот син на кралицата Елизабета и петиот во редот на претедентите на британскиот престол. Тој беше оженет со војводката од Јорк, Сара Фергусон, со која има две ќерки и не се прежени по разводот.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство