Принцот Чарлс одлучил да се разведе од Камила Паркер Боулс бидејќи премногу конзумира алкохол, пишува магазинот „Глоуб“ и додава дека овој кралски пар веќе подолго време има брачни проблеми.
Чарлс наводно на Камила и замерил поради лошото однесување и темпераментот, кој што го излудува.
Инаку, Камила веќе го уценувала Чарлс дека ќе се разведе од него, доколку не се избори да ја наследи својата мајка, Елизабета Втора на кралскиот престол.
Магазинот потсети дека кралицата Елизабета не може да ја поднесе Камила, која што ја опишува како срамна личност.
Е. Г.