Принцот Вилијам се пошегува на Малта, каде e во службена посета наместо неговата сопруга Кеjт, војвотката од Кембриџ на сметка на неговиот енергичен син, порачувајќи дека таа држава тешко би го преживеала.
Изразувајќи жалење дека неговата бремена сопруга, која страда од утрински мачнини, не можеше да допатува во посета и додаде дека за Малта е среќа и олеснување што не стигна и неговиот едногодишен син, затоа што „Малта можеби не би го преживеала принцот Џорџ“.
Зборувајќи во раскошно уредената сала на палатата Сан Антон, принцот Вилијам рече дека неговиот син би можел да го среди стилски намештајот.
– Малта можби не би го преживеала малиот Џорџ. Тука има многу скапоцени предмети, и кажа принцот на претседателката Мари-Луис Колерро Преца.