Во голем дел од источна Украина, битките замолкнаа како резултат на едномесечното примирје, но на аеродромот покрај Доњецк тие продолжуваат со несмалена жестина и се претвораат во блескав симбол за западната интеграција на земјата во скршеното огледало на перспективите на нејзината иднина.
Новиот терминал, кои европеките фудбалски фанови го користеа во 2012 година за да стигнат до некои од натпреварите каде Украина беше домаќин, сега се направени решето затоа што е тоа стратешка цел за силите на прозападната влада во Киев и за бунтовниците, кои ја влечат поранешната советска република назад кон орбитата на Москва.
Аеродромот се наоѓа на десет километри од центарот на градот. За украинската армија, која го презџема аеродромот од бунтовниците по жестоките битки на крајот на мај, тоа е најблиската позиција до Доњецк – главниот центар и утврдување на сепаратистите каде во април бунтовниците прогласија „народна република“.
Сепаратистите стравуваат дека војските на Киев може да го искористат објектот како отскочна штица кон Доњецк. „Аеродромот практично се наоѓа во преградието“, рече за Ројтерс заменик министерот на одбрана на Доњецката народна република,,Едуард Басулин.
– Нашата главна цел е да ја истуркаме што е можно подалеку линијата од која тие нема да можат да стерлаат кон нас, така што повеќе нема да можат да целат на градот. Тие се многу блиску“, рече Басулин, чија камуфлажна униформа е украсена со мала сребрена значка на која е ликот на советскиот диктатор Јозеф Стаљин.
Обратна геополитичка симболика беше прикажана кога Украина беше домаќин на Европското фудбалско првенство во 2012 година, заедно со Полска, која е членка на ЕУ – друга поранешна комунистичка држава која сега е членка и на Нато.
Всушност, две години подоцна стремежите на Киев кон западот доведоа до тоа Москва да го заземе Крим во март, и да ги подржи сепаратичките барања во источна Украина, каде во април избувнаа немири.
Од тогаш загинаа повеќе од 3,500 луѓе, а разурнувањата нанесени врз терминалот и контролната кула на аеродромот од масивните стрелби, се поразителен симбол за распадот на земјата и за нејзините препсективи за поблиски врски со западна Европа.
Тешки оружја
Проруските сепаратисти сега контролираат големи делови од Доњецката област, како и реоното на Луганск – град во источна Украина каде беше прогласена уште една „народна република“.
Линијата на фронтот незначително се премести со прекинот на огнот на почеткот на септември, и покрај тоа што бунтовниците освоиле уште малку територии во југоисточниот дел на Украина, и го усмерија погледот кон аеродромот во Доњецк.
Украинското сино-жолто национално знаме се уште се вее на контролната кула на аеродромот, каде повеќето прозорци се испокршени, а воениот портпарол Андриј Лисенко изјави дека пистата е употреблива. Бунтовниците пак велат дека асфалтот на пистата е сериозно оштетен и по неа не можат да рулаат тешки авиони.
– Пистата во Доњецк е во задоволителна состојба и може да прима тешки авиони, кои можат да доставуваат оружје и тешко вооружување, изјави Лисенко во понеделникот, по што бунтовниците објавија дека поголемиот дел од аеродромот е под нивна контрола.
Украинските војски ја држат зградата на стариот помал терминал на аердоромот чии стабилни подземни темели претставуваат доволно сигурно прибежиште од масивна стрелба. Во украиски раце е и воениот објект поставен веднаш до аеродромот.
Во реонот околу аеродромот секој ден има престрелки и избувнуваат оружени препукувања, а армијата вели дека нејзините позиции се подложени на напади од бунтовниците во градовите кон руската граница, како што се Дебалцеве и Шчастија, кои се наоѓаат на североисток од Доњецк.
Во понеделникот по силната стрелба, која како што изгледа беше одговор од страна на армијата, достигна до резиденцијалниот реон блиску до аеродромот, од каде бунтовниците неколку дена стрелаа по украинските позиции. На земјата во близина лежеше тело на еден локален жител завиткано во ќилим.
Не е „прашање на часови“
Враќањето на аеродромот во текот на мај, кој е именуван по композиторот Сергеј Прокофјев кој е роден во Доњецк, и модернизирано со терминал од стакло и бетон за фудбалскиот турнир, на почетокот беше забележителен триумф за претседателот Петро Порошенко.
Дента кога тој беше избран на местото на протераниот преку протести во текот на февруари проруски претседател, Украина почна воздушни и падобрански напад за да си го поврати аеродромот од бунтовниците, кои го држеа под блокада. По битката, градската мртвовечница се наполнила со тела на бунтовнички борци.
Потоа, Порошенко одби какви било преговори со „терористите“ и рече дека при една сериозна воена операција задушувањето на бунтот би требало да е „парашање на часови“.
Но досега ниту една од страните не успеала да воспостави целосна контрола врз реонот, а повеќе од четири месеци подоцна и покрај прекинот на огнот, кој доведе до намалувањето на борбите на многу места во источна Украина, на аеродромот во Доњецк нема никаков или скоро никаков мир.
И Украина и сепаратистите велат дека се придржуваат до договорот за прекин на огнот и само возвраќаат на огнот за да се заштитат ако бидат нападнати.
И двете страни взаемно се обвинуваат за користење на ракетни системи за распалување на оган, тешка артилерија и тенкови, во и околу периметарот на аеродромот, каде беа убиени стотици војници од двете завојувани страни.
Басулин рече дека помалку од 200 сепаратисти загинале во битките за аерподромот, вклучувајќи и над 50 борци на крајот на мај во порвиот ден од жестоките напади.
Телата на некои од нив биле изнесени да бидат погребани во Русија, со што се потхранија обвиненијата од страна на владата во Киев и нејзните западни подржувачи дека Москва им доставува на сепаратистите на исток помош, и дека ги вооружува бунтовниците и им праќа подршка од руските војски.
Москва рече дека Киев се однесува лошо кон рускоговорното население во регионот, но жестоко одрекува дека учествува во конфликтот за кој нема знаци дека наскоро ќе прекине.
Бунтовниците во Доњецк го напаѓаат аеродромот од предградијата на Доњецк, вклучително и од станбените блокови и некои куќи кои се многу оштетени од вкрстен оган, а многу жители – но не и сите – се одамна заминати.
БТА – Софија
(преземено од Ројтерс)