Пријатели од детството заедно извршиле самоубиство и оставиле проштални пораки

Од:

Гвидо Скјати (33) и Фабио Бенини (33) заедно извршиле самоубиство, задушувајќи се со плин.

Нивните тела се пронајдени на кревет во вила во Милано во сопственост на родителите на Скјати.

Гвидо Скјати работел во Англија и бил многу богат претприемач. Неговото семејство на полицијата и раскажало дека нивниот син “никогаш не бил посреќен во животот”, и дека никој не се сомневал дека ќе се случи таква трагедија.

Од друга страна, Бенини минувал низ тежок период од животот. Тој останал без работа и живеел со неговите родители во близина на Милано. И Скјати и Бенини биле разведени, а зад себе оставиле мали деца.

Бенини во прошталното писмо упатено до семејтвото напишал дека му е жал што не можел да им пружи пристоен живот.

– И онака нема ниту да се сеќаваш на мене, напишал Бенини во писмото до својот син.

И на мајка си и се извинил поради тоа што го направил, објаснувјќи дека е „очаен и без работа“.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски