Пригожин: Подготвени сме да умреме за нашата земја

Од:

Шефот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин во саботата изјави дека неговите борци и тој се подготвени да загинат за татковината и ослободувањето на рускиот народ од сегашното воено раководство.

-Подготвени сме да умреме, сите 25.000 – рече Пригожин во новата аудио порака на Telegram.

„Бидејќи гинеме за татковината, умираме за рускиот народ, кој мора да се ослободи од оние што го бомбардираат цивилното население“, нагласи шефот на Вагнер, кој е во одмаздничка кампања против руското воено раководство.

Пригожин во претходна порака рече дека собориле руски воен хеликоптер кој отворил оган врз колона цивили, но не наведе детали како локацијата на наводниот инцидент. АФП не можеше да го потврди неговото тврдење.

Шефот на Вагнер ја обвини руската војска за „уништување“ на неговите борци и вети дека ќе му се одмазди на рускиот воен врв, по што руската разузнавачка служба ФСБ отвори кривична постапка против него за повикување на вооружен бунт. Пригожин тврдеше, без да обезбеди докази, дека военото раководство убило голем број негови борци во воздушен напад, што Русија го негираше.

Во Москва се зајакнати безбедносните мерки, објави новинската агенција ТАСС, пред се околу најважните владини локации и инфраструктури во главниот град. Властите на јужната област Воронеж соопштија дека ситуацијата е под контрола и дека се преземаат безбедносни мерки.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија