Пригожин ќе биде погребан во Санкт Петербург, Путин нема да присуствува на погребот

Од:

Голем број членови на безбедносните сили се забележани како чуваат гробишта во Санкт Петербург додека се зголемуваат шпекулациите дека погребот на Евгениј Пригожин би можел да се одржи денеска. Но, ниту силните безбедносни мерки не спречија дел од граѓаните кои со цвеќе се обидоа да влезат на гробиштата.

Рускиот претседател Владимир Путин не планира да присуствува на погребот на водачот на платениците на Вагнер, кој загина при падот на неговиот авион минатата недела, соопшти денеска Кремљ.

Авионската несреќа дојде точно два месеци откако Пригожин и неговите платеници започнаа бунт против највисоките воени команданти на Путин, преземајќи ја контролата врз јужниот град Ростов и напредувајќи кон Москва пред да се вратат назад кога беа на 200 километри од главниот град.

„Присуството на претседателот не е предвидено“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков. Песков рече дека Кремљ нема конкретни информации за погребот организиран од семејството.

Инспекторите во неделата соопштија дека генетските тестови потврдиле дека Пригожин бил меѓу 10-те луѓе кои загинале во авионот. Кремљ ја отфрли како „апсолутна лага“ сугестијата на некои западни политичари и коментатори дека Путин наредил да биде убиен Пригожин како одмазда.

Би можело да ве интересира

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Медиуми: Путин и Доналд Трамп ќе се сретнат во Москва на 9 мај

Горан Наумовски

Состанок меѓу Трамп и Путин ќе има само ако има реален напредок во преговорите за мир

Катерина Ѓуровски

Разузнавачите тврдат: Путин сака да ја контролира цела Украина

Трамп: Можна е средба со Путин овој месец