Новите истражувања покажуваат дека Алберт Ајнштајн бил гениј поради посебниот облик на мозокот.
За потребите на истражувањето, неговиот мозок е спореден со 85 мозоци на “нормални” луѓе, со цел да се утврдат посебните карактеристики:
“Иако големината и асиметричниот облик на мозокот на Ајнштајн се нормални, одредени делови од него се прилично посебни”, изјави Деан Фалк, професорка по антропологија на Универзитетот во Флорида.
“Постои веројатност дека токму тоа му овозможило одредени невролошки импулси кои се заслужни за неговите методи на поврзување и математички вештини”, додаде таа.