Прибус: Можно е новата администрација да одговори на руското хакирање

Од:

Ренс Прибус, идниот шеф на кабинет на новоизбраниот американски претседател, денеска изјави дека Трамп го примил заклучокот на разузнавачките агенции за вмешаноста на Русија во кибер нападите, со цел да се влијае врз претседателските избори во САД, и додаде дека „можеби ќе има одговор на хакирањето“, пренесуваат британските медиуми.

Како што се наведува од таборот на новиот претседател, тоа е огромна промена и првото признание на некој член на екипата на Трамп дека Москва е вмешана во хакирањето и дополнителното објавување на мејловите на Демократската партија за време на кампањата за претседателските избори 2016 година.

Трамп претходно постојано ги одбиваше тврдењата дека Русите му помагнале, со образложение дека овие обвинувања се производ на неговите политички противници кои сакаат да ја поткопаат неговата победа.

Во изјава за „Фокс њуз“ Прибус кажува дека Трамп го прифатил фактот дека во овој конкретен случај „ентитети од Русија“ стојат зад упадот во „организацијата и оперативата“ на Демократската партија.

Прибус додаде дека Трамп планира да им нареди на разузнавачките агенции да препорачаат што треба да се прави, а дека во зависност од тие препораки „можеби ќе има и одговор“ на руско хакирање.

Американски разузнавачки претставници во петокот објавија извештај во кој се наведува дека рускиот претседател Владимир Путин ја издал наредбата да се влијае врз претседателските избори во САД во 2016 година.

Во извештајот за руското хакирање во текот на изборите во САД, од кој е симната ознаката за доверливост, се тврди дека руската Влада развила „јасна наклонетост“ кон Трамп.

Би можело да ве интересира

Разговараа Трамп и Путин

Предраг Петровиќ

Трамп Јуниор му се потсмева на Зеленски: „Уште 38 дена до губење на џепарлакот“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Украина е пред судбоносна одлука: Ќе се повлече ли пред 50 илјади руски и корејски војници

Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум клучни држави

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Москва нападната со дронови, затворени аеродромите

Предраг Петровиќ