Приближувајќи се кон Мексико, „Грејс“ премина во ураган

Од:

Метеоролозите соопштија дека тропската бура „Грејс“ денеска се засили во ураган, приближувајќи се кон брегот на Мексико, и се закани со пороен дожд, поплави и големи бранови.

Во сила е предупредување за ураган за голем број приморски летувалишта, вклучувајќи го и Канкун на мексиканскиот полуостров Јукатан, соопшти американскиот Национален центар за урагани (НХЦ) во Мајами.

Попладнево, ураганот имаше максимални придружни ветрови со брзина од 120 километри на час. Се наоѓаше на 560 километри источно од мексиканскиот град Тулум и се очекува да се интензивира пред да стигне на копно утре наутро, откако веќе предизвика поплави на островот Хаити.

Во супермаркетите во Канкун некои жителе веќе започнаа да складираат храна, подготвувајќи се за пристигнувањето на ураганот, иако властите повикаат да не се создава паника при пазарувањето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Силен ураган во Русија, повредени се 11 лица

Трамп ги паузира и царините за Канада

Трамп ги паузираше царините за Мексико

Силен земјотрес го погоди Мексико

Мексико најави одговор на царините од САД

Горан Наумовски

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД