Приближно половина од Британците се за излегување на земјата од ЕУ

Од:

Истражување на јавното мнение, нарачано од „Санди телеграф“, покажува дека 46 проценти од Британците сакаат нивната земја да излезе од Европската унија.

Само 30 отсто се за останување во Унијата. Освен тоа, 44 отсто од анкетираните сакаат референдумот за членство во ЕУ да се одржи под итно и само 29 отсто се подготвени да чекаат до 2017, предложениот датум од страна на премиерот Дејвид Камерон.

Дејвид Камерон е партискиот лидер во кого Британците имаат најголема доверба во преговори со ЕУ (31 отсто). Втор е Неџел Фараж, а го следи лабуристичкиот лидер Ед Милибанд.

На прашањето кој ќе победи на следните избори во Велика Британија 32 отсто од анкетираните ги посочуваат лабуристите, 29 отсто ториевците, и 16 отсто либералдемократите. Избирачите сметаат дека Партијата за независност на Обединетото кралство на Фараж ќе освои 15 отсто од гласовите на парламентарните избори во 2015 година.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја