Приближно 1.000 лица се собраа на Универзитетскиот плоштад во Букурешт на нов протест

Од:

Приближно 1.000 лица вечерва повторно се собраа на Универзитетскиот плоштад во Букурешт на протест, пренесе агенцијата Аџерпрес.

Од вторникот, секоја вечер во 18 часот, жители на Букурешт излегуваат на протест во центарот на престолнината, инсистирајќи на прочистување на политичката елита.

Демонстрантите носат транспаренти со паролите „ Романија, разбуди се“, „Без комунисти и партиски членови“, „Оставка на Парламентот, предвремени избори“, „Ја сакаме дијаспората дома“.

Во манифест, што се дели меѓу демонстрантите, од романскиот претседател се бара да распише референдум за „распуштање на сите политички партии и нивно ставање надвор од законот“. Второто барање е ослободување на раководниот државен апарат и пополнување на новите функции преку конкурс.

Веќе втора вечер по ред демонстрантите бараат од претседателот Клаус Јоханис да дојде меѓу нив.

Претседателот Јоханес денеска вети дека ќе оди на плоштадот, но прецизира дека таму нема да стои со денови и часови за тоа не се претвори со медиумски настан.

Околу 300 лица се собрале на протест и во градот Клуж,  во централна Романија, информира Аџерпрес.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година