При снимање почина учесник на француската варијанта на „Преживеан“

Од:

Еден од учесниците на новата сезона на „Кох-Ланта“, француска верзија на популарното реално шоу „Преживеан“, почина при снимањето во Камбоџа, објави интернет изданието на неделникот „Лепуант“.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, телевизискиот канал ТФ1 веднаш свика кризен останок на кој според шпекулациите се разгледува и можно откажување на целата сезона, чии снимање само што започна.

ТФ1 и продуцентот „Адвентур“ соопштија дека 25-годишниот Жералд Бабин починал од срцев удар при првиот ден од снимањето на „Кох-Ланта“ во Камбоџа. Во соопштениете исто така се наведува дека телевизијата донела одлука да прекине со снимањето и да ја врати екипата во Париз.

Засега не се познати околностите под кои починал Бабин.

Ова не е прв смртен случај на ваквиот вид реални шоуа. Во 1997 во шведската варијанта на „Преживеан“, „Експедиција Робинсон“ се случија две трагедии, во 2009 година од срцев удар почина учесник на бугарската верзија на „Срвајвор“ при снимањето во Филипините, а во пакистанското издание од истата година еден од учесниците се удави пред очите на камерите.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз