Седумдесет и шест лица загинаа кога пренатоварен чамец се преврте во државата Анамбра во југоисточна Нигерија, објави синоќа претседателот на земјата, Мухамаду Бухари.На бродот што во петокот се превртел на реката Нигер имало 85 лица.
Анамбра е една од 29-те држави во Нигерија што сезонава е погодена од силни поплави.
„Брод со 85 луѓе се преврте поради поплави…а спасувачките служби потврдија 76 мртви. Се молам за душите на загинатите и за безбедноста на сите други, како и за благосостојбата на членовите на семејствата на жртвите во оваа трагична несреќа“, рече Бухари.
Несреќите со чамци се чести во Нигерија поради пренатрупаност, лошо одржување на пловилата или непочитување на правилата за брзината на движењето и за навигација.
Од почетокот на сезоната на дождови, многу региони на Нигерија се опустошени од поплави.
Повеќе од 300 луѓе загинаа, а најмалку 100 илјади останаа без покрив над главата во најголемите поплави со кои се соочува земјата од 2012 година.
Земјоделските површини и посевите се под вода што може да доведе до недостиг на храна во земјата веќе погодена од последиците од пандемијата и од војната во Украина.
Извор: МИА