При бомбашки напад во индискиот дел на Кашмир повредени 18 луѓе

Од:

Најмалку 18 луѓе се повредени при експлозија на бомба на автобуска станица во индискиот дел на Кашмир, од кои четворица се во критична здраствена состојба.

Бомбата била фрлена на главната автобуска станица во градот Џаму и експлодирала под еден автобус.

Џаму е град со мнозинско индиско население, каде граѓаните со денови протестираа поради самоубиствениот напад од 14 февруари, при што загинаа 40 припадници на индиските безбедносни сили. При протестите беа каменувани голем број муслимански куќи и автомобили, поради што беше воведен полициски час.

Тензиите помеѓу двете азиски нуклеарни сили ескалираа откако Индија минатата недела изврши воздушен напад врз пакистанскиот дел на Кашмир, како одговор на нападот во индискиот дел на Кашмир од 14 февруари.

Пакистан возврати и собори два индиски воени авиони и зароби еден пилот, кој подоцна беше вратен на индиските власти.

Кашмир е поделен помеѓу Индија и Пакистан, но двете земји тврдат дека имаат право на целиот регион. Поголемиот број жители на Кашмир ги поддржуваат бунтовниците и сакаат регионот да стане дел од Пакистан или да стане суверена држава.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

ВИДЕО: Осомничениот за нападот во Њу Орлеанс е мртов објави Си-Ен-Ен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Крвава Нова година во Њу Орлеанс: со автомобил влета во толпа луѓе, има мртви

Катерина Ѓуровски

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја