При американски напад во Сирија убиен екстремистички лидер

Од:

Лидер на екстремистичката група поврзана со Ал Каеда е убиен во американски воздушен напад во Идлиб во северозападна Сирија, соопштија американски претставници и сириска невладина организација.

Централната команда на САД вчера соопшти дека цел бил убиен Абу Хамза ал Јемен, водачот на групата Хурас ал-Дин.

Американските власти имаат високо ниво на уверување дека екстремистички лидер е убиен во напад со беспилотно летало, изјави функционерот, јави американската телевизија Си-ен-ен.

Според Централната команда на САД, „елиминацијата на високо рангиран водач ќе го наруши капацитетот на Ал Каеда да врши напади врз американските граѓани, нашите партнери и невините цивили ширум светот“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка