Претставничкиот дом на САД воведе нови санкции кон Иран

Од:

Долниот дом на американскиот Конгрес синоќа го усвои предлогот за засилување на економските санкции кон Иран.

При гласањето во Претставничкиот дом, „за“ усвојување на предложениот законски текст се изјаснија 400 конгресмени, а само 20 беа „против“.

Со новите санкции, чија цел е дополнително ограничување на продажбата на иранска нафта, црниот списокот на компании на Иран со кои се забранува соработка се проширува со неколку рударски и граджни претпријатија.

По предлогот за засилување на санкциите кон Иран сега треба да се изјасни и Сенатот, по што доколку биде усвоен, него ќе треба да го одобри и американскиот претседател Барак Обама.

Од јуни 2010 година, па досега, Конгресот на САД во четири наврати ги засилуваше санкциите кон Иран, со цел да се принудат властите во Техеран да прифати инспекција на иранските нуклеарни капацитети и да се откажат од напорите за производство на атомска бомба.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху