Претставничкиот дом на САД ќе направи детална анализа на безбедносните пропусти што им овозможија на луѓето кои протестираа да го упапднат на Капитол на 6 јануари, јавија американски медиуми. Телвизијата Си-Ен-Би-Си објави писмо од раководството на Долниот дом испратено до раководителите на службите за спроведување на законот и разузнавачките служби.
„Оваа приказна што се уште трае, покажува примери на зачудувачка храброст од страна на некои полицајци во Капитол, како и на други службеници; на шокантно предавство на криминалци, како и видливи неуспеси на високо ниво – особено во однос на подготвеноста за разузнавањето и безбедноста“, се вели во писмото.
Тоа е потпишано од Џералд Надлер, претседател на Комитетот за правни работи, Адам Шиф, претседател на Комитетот за разузнавање, Бени Томпсон, претседател на Комитетот за внатрешна безбедност и Каролин Малони, претседател на Комитетот за надзор и реформи.
Во обраќањето, конгресмените ги повикаа ФБИ, Одделот за вантрешна безбедност, Националниот центар за борба против тероризмот и директорот на Националното разузнавање да обезбедат документи и брифинзи за да ги информираат за податоците што ги имале пред немирите. Медиумите објавија дека обезбедувњето на Капитол знаело дека немири се можни во Вашингтон на 6 јануари, но упадот во Конгресот не бил спречен.