Претставени кандидатите за министри во новата романска влада

Од:

Мандаторот на Романија Дачијан Чолош ја претстави денеска владата од технократи со едногодишен мандат, која вклучува експерти од ЕУ, дипломати и лидери на граѓанското општество. Се очекува кабинетот да добие широка поддршка во парламентот.

Минатата недела претседателот Клаус Јоханис го номинираше поранешниот еврокомесар за земјоделство Дачијан Чолош (46) за премиер по оставката на социјалдемократот Виктор Понта на 4 ноември, дадена под притисок на јавноста поради незадоволството по пожарот во ноќен клуб во Букурешт, во кој загинаа 55 лица. Околу 200 луѓе беа повредени во инцидентот на 30 октомври, кој натера илјадници луѓе на улични протести.

Меѓу избраните лица е Анка Драгун Палиу – економски аналитичар во Европската комисија и поранешен експерт на Меѓународниот монетарен фонд, која е номинирана за министер за финансии.

Антикорупцискиот експерт Кристина Гусет, која од 1998 година раководи сo романскиот филијала на невладината организација Фридом хаус, е номинирана за министер за правда.

Седум жени се меѓу предложените 21 министри.

Михња Јоан Моток, кој е поранешен амбасадор на Романија во Велика Британија, е предложен за министер за одбрана, а поранешниот амбасадор во ЕУ Лазар Коминеску – за министер за надворешни работи.

Виктор Григореску, кој е член на одборот на енергетската компанија Електрика, е предложен за министер за енергетика.

– Сакав да се изберам компетентни луѓе и експерти во своите области, луѓе кои се отворени за дијалог. Тие доаѓаат од приватниот сектор, од романски и европски администрации, од граѓанското општество, рече Чолош пред новинарите.

– Се надевам дека утре да бидат расправите во парламентарните комисии и да завршиме со конечното гласање во парламентот во вторник, за да имаме активна функционална влада што е можно поскоро, рече Чолош.

Првата задача на новата влада ќе биде да го подготви буџетот за 2016 година. Парламентот веќе одобри даночни олеснувања, вклучувајќи намалување на данокот на додадена вредност од 24 на 20 проценти од почетокот на следната година.

Европската комисија и ММФ ја предупредија Романија дека планираните даночни олеснувања го ставаат во ризик постигнатиот во последниве години економски напредок.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски