Претседателските избори во Пакистан закажани за 6. август

Од:

Претседателските избори во Пакистан ќе се оддржат на 6. август, соопшти денеска пакистанската Централна изборна комисија (ЦИК).

Актуелниот пакистански ретседател Асиф Али Зардари нема да се кандидира за втор петгодишен мандат на функцијата, но како што соопшти неговиот прес-секретар, ќе ги извршува своите надлежности до 8. септември, кога новиот шеф на државата треба да стапи на должност.

Како што пренесе ИТАР-ТАСС, крајниот рок за поднесување кандидатури за претседател на државата до ЦИК е 24. јули.

Претседателот на Пакистан го избира Колегиум, составен од пратениците на двата дома на пакистанскиот Парламентот и од членовите на законодавните собранија на четирите провинции.

Претседателот на државата има ингеренции да го распушти Долниот дом на Парламентот, Националното собрание со одобрение на Врховниот суд и да побара оставка од премиерот.

Тој ги назначува претседателот и членовите на Врховниот суд, како и командантите на трите рода на војската и е врховен командант на Вооружените сили на Пакистан, единствената нуклеарна сила меѓу исламските земји.

Би можело да ве интересира

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан