Претседателски избори во Молдавија – за и против приближување кон ЕУ

Од:

Во Молдавија денеска се одржуваат претседателски избори, на кои се кандидираа и сегашниот, проруски претседател Игор Додон и поранешната премиерка Маиа Санду, која се залага за поблиски врски со ЕУ.

ЕУ и Русија се борат за влијание во 3,5-милионската Молдавија, која, како и другите неразвиени европски земји, западна во сериозна економска криза за време на пандемијата на коронавирусот.

Игор Додон ја презеде функцијата претседател во 2016 година по падот на прозападната политичка партија, која беше компромитирана од бројни скандали.

Маиа Санду дипломирала на Харвард, поранешен економист на Светска банка, позната како лут противник на корупцијата и лидер на коалициска влада, која минатата година само за кратко успеа да остане на власт.

Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер, блиска соработничка на германската канцеларка Ангела Меркел и на поранешниот претседател на Европскиот совет, Доналд Таск, испрати порака за поддршка на Санду, која група приврзаници на Додон ја опишаа како „обид за дестабилизација на Молдавија“.

Би можело да ве интересира

ЦИК на Молдавија: Маја Санду го освои вториот мандат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се затресе силно и во Молдавија, снимена реакцијата на претседателката Санду

Предраг Петровиќ

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Русија ги отвори избирачките места за претседателските избори во отцепениот регион на Молдавија

Горан Наумовски

Молдавскиот архимандрит Јероним пронајден во локва крв, неговиот убиец е пронајден мртов во шума

Горан Наумовски

Естонија и Молдавија избраа евровизиски претставници

А1он