Претседателот на Франција и кандидат за претседателските избори Емануел Макрон се појави на избирачко место во Ле Туке околу 12:30 часот – тој беше последниот од дванаесетте кандидати кои ја завршија својата избирачка обврска, јави дописникот на МИА.
Ан Идалго, градоначалничка на Париз и претседателски кандидат на Социјалистичката партија е првата од дванаесетте кандидати кои гласаа во првиот круг од претседателските избори.
Жан Ласал гласаше во Лурдиос-Ичерес , какко кандидатот на Резистон!.
Николас Дипон-Ењан кандидатот на екстремно десничарската партија Простум Франција гласаше на избирачко место во Јерес, во департманот Есон.
Натали Арто, кандидатката на партијата Работничка борба, француска крајно левичарска партија, го даде својот глас на избирачко место во Париз.
Јаник Жадо, кандидатот на Европа Екологија Зелени излезе на гласачко место во 10-тиот арондисман во Париз.
Ерик Земур националистичкиот кандидат и лидер на движењето Реконкет! излезе гласачко место во Париз.
Фабиен Русел, кандидатот на француската Комунистичка партија го даде својот глас за првиот круг од претседателските избори на избирачко место во Сен Аман-ле-О, северна Франција.
Марин Ле Пен, Кандидатката на крајно десничарскиот Националени митинг излезе на гласање во градот во Хенин-Бомон во Па-де-Кале, од чиј департмент е пратеник.
Филип Поуту кандидатот на екстремната левица на Новата антикапиталистичка партија гласаше во Бордо.
Валери Пекресе канддиатката на Републиканците излезе на гласање во Велизи-Вилакубле во Ивелин.
Жан-Лук Меланшон, претседателскиот кандидат на партијата БунтовнаФранција гласаше изутрината на избирачко место во Марсеј.
Вообичаено е претседателските канддиати да гласаат до пладне, по што тие заминуваат во нивните изборни штабови во Париз, каде ги подготвуваат нивните говори и настапи по затворањето на гласачките места и објавувањето на првите резултати.
Извор: МИА