Во 17 часот излезноста во првиот круг од претседателските избори е 65,0 отсто, покажуваат бројките на Министерството за внатрешни работи, јави дописникот на МИА.
За споредба со претходните претседателски избори од 2017 година, тоа е намалување за 4,4 отсто, или 4,6 отсто помалку во однос на 2012 година.
Сепак актуелната бројка на излезеност е повисока од таа во 2002 (58,6 отсто), година со рекордна апстиненција на претседателските избори во Франција.
Гласачките места се затвораат во 20 часот кога ќе бидат познати двата финалисти за вториот круг на претседателските избори закажани за 24 април.
Извор: МИА