Претседателски избори во Египет

Од:

Историски ден за Египет. Точно 15 месеци по соборувањето на Мубарак, во Египет, граѓаните ќе излезат на први слободни претседателски избори. Жителите на Египет за прв пат, наместо за фараони, султани, кралеви и воени претставници ќе избираат претседател.

Околу 50 милиони гласачи треба дадат го својот глас за еден од 12-те претседателски кандидати, од кои ниту еден не е посебен фаворит. Во игра се поранешниот шеф на Арапската лига и екс министер за надворешни работи Амр Муса, поранешниот член на Муслиманското братство-Абдел Монеим Абол Фотух, поддржуван од радикално- исламистичките салафисти и последниот премиер во времето на Мубарак, Ахмед Шафик. Добри шанси му се припишуваат и на Мохамед Нурси од Муслиманското братство, чија партија доби најголема поддршка на неодамнешните парламентарни избори.

Гласањето почнало без поголеми инциденти, а гласачките места ќе бидат затворени во 18 часот, јавува египетската телевизија.

Вториот изборен круг ќе се одржи на 16-ти и 17-ти јуни. Војската, која ја водела земјата од падотот на Мубарак, ветила дека ќе ја предаде власта на цивилите на крајот на јуни кога ќе биде избран новиот претседател.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет