Претседателски избори во Белорусија

Од:

На повеќе д 6.000 избирачки места, што утрово се отворени во Белорусија, речиси седум милиони избирачи ќе гласаат за идниот шеф на државата.

Гласачите ќе избираат меѓу четворица кандидати, а актуелниот претседател Александар Лукашенко се бори за петтиот мандат.

Покрај Лукашенко, кој 21 година е на власт, кандидати се и лидерот на Либерално-демократската партија Сергеј Гајдукевич, лидерот на Белоруската патриотска партија и врховен атаман на белоруските козаци Николај Уланович и активистката на кампањата „Зборувај ја вистината“ Татјана Короткевич.

Лукашенко, кој е фаворит според анкетите, за претседател на Белорусија беше избран во 1994, во 2001 во 2006 и во 2010 година.

Граѓаните имаат можност да гласаат и против сите кандидати. Избирачките места ќе бидат отворени до 20 часот по локално време, а прелиминарните резултати можат да бидат познати во текот на ноќта меѓу недела и понеделник.

Изборите ги следат 928 странски набљудувачи од кои 344 од Бирото на ОБСЕ за демократски институции и човекови права(ОДИХР), 387 од Заедницата на независни држави, 68 од Парламентарното собрание на ОБСЕ и седум од Шангајската организација за соработка. Изборите ги следат и 940 локални и странски новинари.

Би можело да ве интересира

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Во Белорусија, први избори од 2020 година, лидерот на опозицијата е во егзил: Тоа е фарса, шоу, циркус

Горан Наумовски

Лукашенко сака патроли со огнено оружје на белоруските улици

Путин: Белорусија стана нуклеарна сила

Масовни рации во Белорусија: 159 луѓе „на мета“